Европа се обидува да го спаси Иранскиот договор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф истакна дека имал многу добра и конструктивна средба во Брисел со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и додаде дека е оптимист дека иранските интереси во нуклеарниот договор ќе бидат заштитени и покрај излегувањето на САД од истиот.

 

„Тоа беше убав и конструктивен состанок. На вистински пат сме да обезбедиме интересите на другите потписнички, посебно на Иран, да бидат гарантирани“, рече Зариф.

 

Брисел е последната точка од турнејата на Зариф која има за цел зачувување на меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година меѓу Техеран и светските сили по повлекувањето на САД од него.

 

Неговата средба со Могерини е подготовка за поголемата дискусија која ќе се одвива вечер и на која ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Британија, чии земји се потписнички на договорот.

 

Трамп на 8 мај истакна дека САД се повлекуваат од Иранскиот нуклеарен договор. Иран потврди дека ќе остане верен на договорот од 2015 година и покрај излегувањето на САД од истиот и се надева дека и покрај ограничените можности, Европа ќе се обиде да го заштити договорот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи