Итен состанок на Арапската лига поради крвопролевањето во Газа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Арапските министри за надворешни работи одржуваат итен состанок на Арапската лига поради израелско-палестинската криза, кажа извор од тоа регионално тело.

Средбата ќе се одржи по барање на Саудиска Арабија, а нејзина цел е да се изрази противење и револт кон израелската агресија врз палестинскиот народ и нелегалната одлука на САД да ја преселат Амбасадата од Тел Авив во Ерусали.

 

Главниот секретар на Арапската лига го осуди во вторникот „масакрот“ на Израел врз палестинците во Газа. Панарапската организација го повика Меѓународниот казнен суд во врска со тоа да покрене истрага.

 

Најмалку 60 Палестинци загинаа од почетокот на протестите што избија во Газа во понеделникот поради одлуката за отворање на американска амбасада во Ерусалим. Повод за протестите беше и одбележувањето на „накба“, или како што ја опишуваат Палестинците, катастрофата од 15 мај 1948 година кога многу Палестинци биле принудени да ги напуштат своите домови при официјалното формирање на државата Израел.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи