Уште една одлична партија на Бостон против Кливленд и втор триумф од 107-94 во серијата до 4 победи, во рамките на натпреварувањата во Источната конференција.
Браун со 23 поени беше најдобар поединец во редовите на Бостон, Роузир реализираше 18 поени, Хофрд постигна 15 поени, а двоцифрени беа уште тројца кошаркари: Маркус Морис (12 поени), Смарт (11 поени), Тејтум (11 поени).
На Коњаниците не им помогна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 42 поени со 12 асистенции и 10 скокови. Покрај 42 поени на Леброн Џејмс, во тимот на Кливленд се истакна и Лав со 22 поени, а двоцифрен уште беше и Корвер со 11 поени.
Серијата се сели во Охајо каде Кливленд ќе се обиде да го искористи домашниот терен.
106