На повидок голема трампа меѓу Милан и ПСЖ

Facebook
Twitter
Email
Print

Еден од најдобрите млади голмани во светот, Џанлуиџи Донарума би можел да си замине од тимот на Милан ова лето. Според најавите од Италија, следна дестинација на Донарума ќе биде Пари Сен Жермен.

 

„Росонерите“ се спремни да го продадат 19-годишниот голман, но само доколку пристигне понуда понеѓу 60 и 70 милиони евра. Милан ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на Кавани.

 

Миланскиот гигант е во потрага по врвен голгетер, бидејќи Калиниќ и Андре Силва се покажаа како големи промашувања. Покрај тоа, навивачите уште од минатото лето ја загубија сета почит за 19-годишниот талент, кој од клубот изнуди неверојатна плата од пет милиони евра и плус еден милион евра за неговиот брат. Тие во Бергамо не го прифатија ниту неговиот дрес, па јасно е дека веќе не е омилена личност помеѓу навивачите.

 

Од друга страна Кавани сигурно на Милан би му гарантирал дваесетина голови во сезоната, со оглед на фактот дека има искуство во Серија А, како фудбалер на Наполи и Палермо. Уругваецот сигурно би бил засилување какво навивачите сакаат да видат во Милан, а и самиот фудбалер има желба да го напушти ПСЖ откако влезе во отворена кавга со Нејмар и падна во негова сенка.

 

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале преговори и дека постојат изгледни шанси да се реализира трампата ова лето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи