ВИДЕО – Јувентус се збогува со Буфон: Ти благодариме за сè!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска во 11.30 часот Џанлуиџи Буфон имаше прес-конференција на која потврди дека викендов ќе го одигра последниот меч во дресот на „старата дама“.

На конференцијата присуствуваше и претседателот на клубот Андреа Ањели кој му се заблагодари на Буфон без оглед на тоа каква ќе биде неговата одлука.

Од клубот направија емотивно видео, во кое му се заблагодарија на легендарниот Буфон за сите години кои ги помина во екипата од Торино.

 

 

Неверојатната кариера на Буфон во Јувентуз низ бројки.

 

– Буфон е голманот со најмногу настапи во Серија А од сите голмани, вкупно 639, а втор од сите играчи, пред него е само Паоло Малдини (647).

– Буфон вкупно бранел на 875 натпревари за Јувентус, примил 729 голови, неговата мрежа мирувала на 383 натпревари.

– Тој го држи Серија А рекордот за најдолго време без примен гол, 974 минути во сезоната 2015-2016.

– Никој нема повеќе настапи за Италија од Буфон, тој го држи европскиот рекорд за настапи во репрезентацијата со 176 досега.

– Само Алесандро Дел Пјеро одиграл повеќе натпревари за Јувентус од него, 705, а ниту еден не бил на теренот повеќе минути од Буфон.

– Буфон го држи рекордот за фудбалер со најмногу настапи во Лигата на шампионите од Јувентус 115.

– Џиџи одиграл повеќе од 1.000 професионални натпревари во кариерата.

– Тој 12 години ја добива наградата за најдобар голман во Серија А, такво нешто не му успеало на никој досега.

– Буфон го држи рекордот за најмногу натпревари без примен гол за италијанската репрезентација, 77.

– Џиџи го дели рекордот на најмногу освоени Скудета во серија со Андреа Барзаљи, Џорџо Кијелини, Стефан Лихштајнер и Клаудио Маркизио откако оваа сезона триумфираа седми пат по ред.

– Буфон освоил вкупно девет Скудета што е рекорд. Ако го прашате него ќе ви каже дека освоил 11 бидејќи ги брои и тие од 2004/05 и 2005/06 кои италијанската федерација му ги поништи на Јувентус поради Калчополи скандалот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи