Хјустон изедначи против Голден Стејт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хјустон не дозволи уште едно изненадување на свој терен, совладувајќи го Голден Стејт со 127-105 за 1-1 во финалната серија на Запад.

 

Речиси во текот на целиот натпревар Рокетс имаа двоцифрена предност, а главното оружје во создавањето на истата беше шутот од полето за три, каде само во првото полувреме уфрлија 10, од вкупно 16 тројки на средбата. Во вториот дел продолжија со истото темпо, а предноста во еден момент допре и до највисоки 29 поени разлика.

 

„Ракетите“ до овој триумф стигнаа со одлична тимска игра. Харден и Гордон реализираа по 27 поени, Пи Џеј Такер забележа 22 поени, Ариза запиша 19 поени, а Пол 16 поени.

 

Кај гостите само Кевин Дуран беше на потребното ниво и мечот го заврши со 38 поени. Кари имаше скромни 16 поени со катастрофален шут за три (1 од 8 обиди), а партија за заборав имаше и Томпсон кој реализираше само 8 поени со очаен шут од поле (3 од 11 обиди).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи