Премиерот Зоран Заев на прес конференција од Самитот во Бугарија рече дека во разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас дошле до една опција која е прифатлива за двете страни.
„Разговараме суштествено и разгледавме повеќе опции, една од опциите е прифатлива за двете страни, ако е возможно ќе имаме решение. По се што беше постигнато констатиравме дека стоиме позади тоа и добро е што е завршено, а за тоа што е останато да се решава, утврдивме една опција која може да биде прифатена. Ако решението е прифатливо за двете страни во земјите, ќе имаме решение“, рече Заев.
Премиерот рече дека следуваат брифирања со сите релевантни политички партии во државите и презентирање на можното решение, а доколку не дојде до истото, останува да се преговара до есен.
„Ако нема решение ќе биде одложена одлуката на ЕУ, но пријателството останува и тоа ќе расте. Би било убаво тоа решение што е прифатливо и за двете страние да биде упште сега, имајќи ги предвид состанокот на Европскиот совет во јуни и НАТО самитот во јули. Тоа е нашата желба, но ако е возможно. Ако не е возможно, ќе продолжиме со барање на решение. Многу е решено, имаме и опција која би можела да биде прифатлива за двете страни. И ако тоа во земјите внатрешно е потврдено, би било и официјализирано“, рече Заев.
Според Заев, заробената држава и спорот со името биле тегоби во државата, со кои денеска успешно се справува владата.
„Маркон и Меркел даваат поддршка за зајакнување на односите на Македонија и Европската Унија. Сите ни ја даваат безрезервната поддршка и ни даваат признание за постигнатото. Членството на Македонија во ЕУ гарантира силни институции и правна држава, како и зголемен економски развој“, рече Заев кој додаде дека проширувањето на Унијата и обезбедување на нашето столче таму е реалност која е на дофат.