Во текот на вчерашното попладне силно торнадо предизвика голема штета во германската држава Северна Рајна-Вестфалија. Според германските медиуми, немало посериозно повредени лица ниту загинати, но големото невреме, проследено со силни грмотевици и врнежи од град предизвикало материјални штети на урбаната инфраструктура.
Ова е шесто торнадо во Германија од почетокот на годинава.