УНИЦЕФ: Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во бегалските кампови во Бангладеш

Facebook
Twitter
Email
Print

Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во бегалските кампови во југоисточен Бангладеш, во кои се сместени  повеќе од десетици илјади муслимани Рохинџи, избегани пред насилство од соседниот Мјанмар, соопшти денеска УНИЦЕФ.

 

„Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во катастрофални услови, далеку од дома, а нивните мајки до сега веќе претрпеа преселувања, насилство и други трауми, вклучувајќи и силувања“, изјави Едуард Беигбедер, претставик на ОН во Бангладеш.

 

Во изминатите девет месеци, кога Рохинџите почнаа да пристигнуваат во Бангладеш, поради насилство во покраина Ракајн во Мјанмар, претежно населена со будисти, во бегалскиот камп во Кокс Базар родени се повеќе од 16 илјади деца.

 

Откако војската во Мјанмар покрена операција против муслиманската етничка заедница, која ОН ја нарече „етничко чистење“, во Бангладеш пристигнаа околу 700 илјади Рохинџи.

 

Беигбедер предупредува за зачестените силувања, чии жртви повеќето се жени и девојчиња, додавајќи дека е невозможно да се знае точниот број на бебиња родени како резултат на силување.

 

„Но, клучно е секоја нова мајка, бремена жена и новороденче да добијат помош и потпора“, вели Беигбедер.

 

УНИЦЕФ проценува дека секое петто дете на Рохиџите, е родено во здравствена установа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи