Мадрид ја задржува својата директна контрола над Каталонија и покрај новата влада

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шпанската Влада денеска ги прифати овластувањата на новоизбраниот каталонски лидер Ким Тора, но одби да ја прифати новата влада на Каталонија, затоа што во неа има министри обвинети за бунт против Шпанија.

 

Новиот каталонски премиер завчера го објави составот на својата Влада, во која влегоа двајца поранешни министри кои се наоѓаат во затвор, и двајца политичари кои живеат во егзил по обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија.

 

Двајца од 13-те советници (министри) во регионалната Влада – Жорди Турул и Жозеп Рул се во притвор во близина на Мадрид, а други двајца – Тони Комин и Луис Пуч живеат во егзил во Белгија, каде што избегаа заедно со поранешниот регионален лидер Карлес Пуџдемон откако беше соборен од власт. Турул и Рул на Твитер соопштија дека ги прифаќаат функциите.

 

Шпанската Влада соопшти дека именувањето на четворицата министри претставува отворена провокација, па сега е неизвесно кога ќе биде укинато директното владеење на Мадрид врз Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој изрази надеж дека Каталонија наскоро ќе формира одржлива влада која ќе ги почитува законите и се врати на институционалната, економска и општествена нормалност.

 

„Се надевам дека наскоро ќе биде формирана одржлива влада, која ги почитува законите и ќе почне дијалог со нас“, рече Рахој.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи