ВИДЕО – Награди за најдобрите ученици учесници на смотрите и за 5-те најдобри матуранти

Најдобри ученици од основните училишта, прво наградените од секое училиште кои учествуваа на смотрите, Општина Прилеп ќе ги прати на еднодневна екскурзија во Охрид, каде ќе можат да ги разгледаат културно-историските споменици, а додека пак на 5-те најдобри матуранти оваа година ќе им додели по еден ваучер од 6.000 денари. Ова беше истакнато денеска на средбата помеѓу градоначалникот Јованоски и директорите, наставниците и учениците од училиштата кои беа наградени на ревијалната вечер.

 

 

„Сакам да им честитам на најдобрите ученици кои што учествуваа на годинешните смотри и ревијалната вечер. Исто така сакам да им честитам на сите ученици кои што учествуваа на овие смотри воопшто, особено на наставниците и директорите кои несебично дадоа во реализација на овој проект кој што е надвор од работното време, надвор од часовите и тоа е за посебна пофалба. Сакам да ги истакна прво наградените, а тоа е ООУ „Добре Јованоски“ со изведбата на театарскиот перформанс. Потоа второто место за ООУ „Блаже Конески“ со најдобриот рецитал на овие средби. И третата награда на ООУ „Кире Гаврилоски“ со балетот на Мајкл Џексон“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

Јованоски изјави дека во идниина ќе се залага да се реализираат сите проекти што ги имаат на распогање училиштата и деќа ќе се залагал за подобрување на воспитно-образовниот процес во Прилеп.

 

„Ова што се случи на ревијалната вечер е пред се манифестација на слободните ученички активности кои што ние ги спроведуваме во рамкиите на училиштата и она што е многу битно е тоа што од самите точки се виде колку голем број на ученици сакаат да се вклучат и во слободниите ученички активности и жарот со кој тиие приоѓаат кон овие активности ни даваат и нам мотив да се трудиме да ги ангажираме и да постигнуваме уште поголеми успеси. Тие се нашата инспирација и нашиот поттик уште повеќе да се залагаме. Она што бии сакала да го истакнам е тоа дека ја имаме и поддршката од родиителите кои несебично се вложуваат и сакаат да ни помогнат“, изјави Весна Мојсоска в.д. директор на ООУ „Блаже Конески“.

 

Мојсоска нагласи и тоа дека се надева дека еден ден овие ученици ќе прераснат во идните успешни лидери на нашето општество.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи