ВИДЕО – Јованоски : Училишните одбори навреме не распишале огласи за нови директори, но поставувањето е по закон

Училишните одбори навреме не распишале огласи за нови директори, тука е настанато мало задоцнување, за што јас за ова го известив и државниот просветен инспекторат, но целата постапка е по закон. Ова денеска го изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, откако денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ беше повторно повикан да даде објаснување за тоа зошто се доцнело со поставувањето на в.д. директорите во училиштата.

 

 

Јованоски вели дека во 4 основни училишта во тек бил огласот за директори, а во останатите 6 биле поставени в.д. директори. Во средните училишта пак повторно биле назначени истите в.д. директори уште еден мандат во наредните 6 месеци. Јованоски тврди и дека прв пат слуша за обвинувањата дека во некое основно училиште имало тепачка помеѓу претходната и актуелната в.д. директорка.

 

 

„Постапките за назначување на в.д. директори беше постапено по законот за основно образование, исто така по законот за средно образование беа поставени директорите на средните училишта. Во тек се огласите на некои од основните училишта. Тука нема ништо нејасно ниту пак спорно. Ова е во корелација со државниот просветен инспекторат така што се е по закон и без никаков проблем. За тепачки пак прв пат слушам дека имало во некое училиште“, изјави Јованоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи