Израел е првата земја што употребила американски Ф-35 во воени акции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Израел е првата држава во светот што го користела американскиот борбен авион Ф-35, повеќенаменски борбен авион, во воени операции, соопшти денеска првиот човек на израелските воздушни сили Амикам Норкин на официјалниот Твитер профил.

 

Како што пренесува Ројтерс, медиумите во Израел го цитираат генералот Норкин, кој се сретна со шефовите на воздушните сили на 20 други држави.

 

„Летаме со Ф-35 преку целиот Блиски Исток, а во два наврата со нив извршивме напади на два фронта. Ние сме првата држава во светот што ги користела во борбени операции“, рече Норкин.

 

Тој не прецизираше во кои операции учествувале авионите, но не е исклучено дека се нападнати ирански единици во Сирија и позиции на Хезболах во Либан. Не е исклучено дека се гаѓаат цели на Синај, каде што Израелците ги напаѓаат радикалните исламисти.

 

Норкин исто така прикажа фотографија на израелски Ф-35 над Бејрут, објавија локалните медиуми.

 

Израелските воздушни сили во декември минатата година објавија дека првите девет Ф-35, од вкупно 50 што ги нарачаа од производителот Локид Мартин, влегоа во оперативна служба.

 

Ф-35 Џоинт Страјк Фајтер е повеќенаменски борбен авион од петтата генерација кој се произведува во три варијанти(А, Б и Ц), плус две изменети верзии за извоз во Израел и Јапонија.

 

Главната предност на Ф-35 се неговите стелт карактеристики, благодарејќи на што може успешно да ги избегнува непријателските ПВО системи, но и борбените авиони, што би требало да го намали ризикот од загуба на авионите.

 

Американците во неговиот развој и досегашното производство потрошиле околу 405 милијарди долари, а го извезуваат во повеќе од десет држави во светот.

 

Израелците од Американците купуваат посебна верзија на Ф-35А, наречена Ф-35И „Адир“, во која се наоѓа поголем број изворни израелски системи. За првите 19 летала Израел ќе плати по 125 милиони долари за авион, за другите 14, 112 милиони долари, а за преостанатите 17 цената би требало да падна на 90 милиони долари за авион. Тоа значи дека Израел ќе издвои речиси 5.470.000.000 милијарди долари за 50 авиони, а ако се одлучат за купување на дополнителни 25, цената потенцијално ќе се искачи до речиси осум милијарди долари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи