Странски новинари стигнаа во Северна Кореја да сведочат за уништувањето на нуклеарниот полигон

Facebook
Twitter
Email
Print

Мала група странски новинари пристигна денеска во Северна Кореја за да го следат уништувањето на полигонот за нуклеарни проби на оваа земја, што би требало да биде направено кон крајот на неделата.

 

Во групата новинари нема претставници од Јужна Кореја, чие учество претходно беше планирано. Осумтемина јужнокорејски новинари беа исклучени, бидејќи Пјонгјанг ги прекина врските со Сеул во знак на протест против воените вежби на Јужна Кореја со САД. Севернокорејските медиуми денеска го повторија протестот, велејќи дека не се меша „ѕвецкањето со оружје“ и дијалогот.

 

Пјонгјанг дозволи ограничен пристап до полигонот за јавно да покаже дека го исполнува ветувањето дека ќе ги запре подземните проби и лансирањето на интерконтинентални балистички ракети.

 

Северна Кореја еднострано го објави овој мораториум пред Самитот на нејзиниот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, планиран за 12 јуни во Сингапур.

 

Трамп денеска ќе има средба со јужнокорејскиот петседател Мун Џае – ин за да разговараат за тоа дали Пјонгјанг е сериозен околу договорот за денуклеаризација.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи