ВИДЕО – 3-ти јуни решавачки датум дали Победа ќе остане во првата лига

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

После изиграната последна утакмица во Струмица, Победа опстануваме во првата лига со играње на бараж, за кој што е веќе најавено дека ќе биде на 3-ти јуни во Струмица. Од клубот  велат дека теренот во Струмиица им бил познат, публиката позитивна и енергијата таму била попозитивна за разлика од други места и се надеваат дека плодот ќе се произнесе и Победа ќе опстане во првата лига, онаму каде што ѝ е и местото.

 

 

„Меѓутоа сепак е клучна утакмица од клучна позиција за нашата екипа и јас искрено посакувам да го дадат максумумот од своја страна нашите играчи и тимот во кој што јас неизмерно верувам, сè со цел да опстаниме. Зошто е клучен опстанокот? За прв пат во историјата на нашиот клуб Победа ќе имаме соодветен буџет, буџет за Европа. Тој буџет ќе ни даде можност да се преструктуираме, да поставиме нов систем, нова постава, да земеме нови играчи и овој пат нема да биде изборот од страна на еден човек, ќе одредиме комисија која ќе биде задолжена за избор на новите засилувања и опстојување на постоечките. Самиот буџет и новата организациона структура е потврда дека конечно ќе направиме тим, соодветен и достоен за Европа, тим достоен за фудбалската нација во нашиот град и тим кој што ќе ни овозможи можеби конечно во недела да можеме да дојдиме и да уживаме на нашиот стадион и да уживаме во убавата игра. Оваа прилика исто така ја користам да ја повикам цела прилепска јавност, самоиницијативно да го поддржи нашиот тим, да ја поддржи Победа на тој ден, на таа утакмица во Струмица и покрај тоа што сигурно ќе имаме организирано автобуси за навивачите. Меѓутоа зборувам за сите љубители на фудбалот несебично да дадат максимум од своја страна, па дури и позитивна енергија од своја страна, затоа што стварно ни треба за да си ја оствариме целта“, истакна Ирена Јакимоска, в.д. претседател на Победа.

 

 

Јакимоска потенцираше дека верува во фудбалерите, им посакува голем успех и дека ќе опстанат и ќе бидат онаму каде што им е местото и дефинитивно ќе бидат спремни да формираат тим достоен за Европа, тим достоен за нашиот град, тим достоен за фудбалски Прилеп.

 

„Покрај финансискиот надомест, кој што се надевам дека сте задоволни и среќни од истиот, сепак еден дополнителен мотив треба да ви биде и самиот стадион. Знаете дека поддршката од страна на градоначалникот на Општина Прилеп и локалната самоуправа во однос на изградбата на стадионот и целокупната поддршка во однос на клубот е на соодветно ниво. Доколку стварно не ја задржиме позицијата во првата лига и идејата и идеологија за изградба на еден европски стадион, каде што сите ќе можеме да поминеме едно прекрасно попладне во недела, ќе пропадне. Така да овој пат вашата одговорност е многу поголема, освен опстанокот во првата лига. И дефинитивно она што треба да ви биде дополнителен мотив на сите е фактот што во моментот во младинците имаме 200 дечиња, дечиња на кои што им сте неопходни за да ја задржиме позицијата во првата лига и да продолжат да уживаат во спортот“, додаде Јакимоска.

 

Шефот на стручниот штаб Мегленски нагласи дека за него попосакувам противник за Победа е Борец.

 

„Јас како шеф на стручниот штаб сум 40 дена и во тие 40 дена јас како тренер, заедно со играчите имавме таргет од 15 бода од можни 30 и мислевме дека тие 15 бода ќе бидат доволни за да се спасиме дирекно. Ние успеавме да освоиме 13 и го обезбедивме очекуваниот и посакуваниот за нас бараж. Во баражот играме со условно кажано второлигашка екипа и се надевам дека ние ќе излезиме како победници. Ако се прашувам јас, во овој момент, мислам дека ќе излезиме победници со второлигашот, но ако евентуално го загубиме тој натпревар, ние и стварно не заслужуваме да играме прва лига. Играме со условно кажано послаб противник, значи второлигаш. Не сакам никој да потценам, јас така го разбирам фудбалот во овој момент и од играчка гледна точка на располагање се сите играчи, немаме повредени, казнети и мислам дека оваа шанса за победа не смее да се пропушти. Како град, како клуб во наредниот период имаме огромен потенцијал“, рече Мегленски.

 

 

Според фудбалерот на Победа, Зоран Даноски, тие како ииграчи едвај чекале да дојди таа утакмица за да го завршат и тој дел и да докажат дека заслужуваат да играат во прва лига.

 

„Јас сакам да се заблагодарам на управата, на стручниот штаб, затоа што кога беше најтешко во клубот тие стоеја зад нас и бевме презадоволни од сè, немавме никакви проблеми. Тоа ни помогна многу за да играме бараж сега и тоа морам да го кажам. Исто така играчите, од прв до последен кои се во соблекувалната, сите покажаа карактер и заслужуваме да играме прва лига и сè е во наши раце. Останува уште една утакмица, меѓу Борец и Гостивар во втора лига, но сепак кој и да победи за нас е сеедно, утакмицата мора да се победи. Притисок во фудбалски град има секогаш, без разлика дали играш долу или горе на табелата. Мислам дека нема да има проблем, нема да има исплашени играчи. Секој е спремен, едвај чекаме да дојди таа утакмица, да го завршиме тој дел, да докажеме дека заслужуваме да играме во прва лига и дека сè е во наши раце“, кажа Даноски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи