Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на компанијата за бизнис услуги KPMG.
Истражувањето спроведено од 2015 до 2017 година ги опфати профитабилноста, правата за емитување, популарноста, спортскиот потенцијал и вредноста на стадионот на клубот.
Во анализата беа истражувани 32 тимови, а шест клуба од Премиер лигата се најдоа меѓу десетте најскапи.
Андреа Сартори, шеф на одделот за спорт и автор на студијата на KPMG, рече дека вкупната вредност на фудбалската индустрија се зголемила во изминатава година.
„Вкупниот раст се должи на три фактори, а еден од нив е зголемувањето на оперативниот приход на клубовите од 8%“, рече тој.
Топ 10 листата на најскапи клубови во Европа изгледа вака:
Манчестер Јунајтед – 3,255 милијарди евра
Реал Мадрид – 2,92 милијарди евра
Барселона – 2,78 милијарди евра
Баерн Минхен – 2,55 милијарди евра
Манчестер Сити – 2,16 милијарди евра
Арсенал – 2,10 милијарди евра
Челзи – 1,76 милијарди евра
Ливерпул – 1,58 милијарди евра
Јувентус – 1,30 милијарди евра
Тотенхем – 1,29 милијарди евра.