Тинејџер што предизвика пожар од огномент мора да плати 36 милиони долари

Facebook
Twitter
Email
Print

Петнаесетгодишен тинејџер од сојузната американска држава Вашингтон, лани испукал огномет во пресушениот кањон на река во Орегон и со тоа предизвикал пожар кој траел два месеци, при што се проширил на  скоро 20.000 хектари.

 

Пожарот предизвикал бројни евакуации, подолго затворање на меѓународниот автопат и целосно уништување на кањонот на реката Колумбија, инаку голема туристичка атракција.

 

Детето во февруари се изјаснило за виновно за уништување на приватна и јавна сопственост, а минатата недела судијата Џон Ослон, му одреди оштета со која би требало да ги покрие трошоците на противпожарната служба, поправките на запаленото, реставрациите на куќите и обновувањето на кањонот.

 

Вкупниот износ на оштетата е проценет на 37 милиони долари и 1.920 часови општествено корисна работа.

 

Судијата му овозможил на тинејџерот да воспостави платна програма, која би можела да биде сопрена без исплатување на целиот износ после 10 години, под услов да исполни пет години од условната казна без ниту еден направен прекршок.

 

Исплатувањето на долгот е одговорност на детето, а не на неговите родители, инаку мигранти од Украина.

 

Државата Орегон е овластена да зема пари од неговите банковни сметки и плати.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи