ВИДЕО – Независните театри во голем подем, бараат финансиска помош од државата за развој на уметноста

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Независните театри во Македонија доживуваат вистински подем и презентираат претстави со еднаков, па некогаш дури и со поголем квалитет од оние на националните театри. Според креаторите на тие независни театарски школи тоа било така бидејќи тие создавале пред се публика која во иднина ќе знае како да гледа претстава. Националните театри ја заборавиле нераскинливата врска помеѓу публиката и театарот.

 

 

„Подзаборавија како што вика Хуго Клајн дека публиката се создава, а не се носи организирано на претстава. Театарските претстави на професионалните театри го заборавија актерот дека е највисоко театарско суштество што треба да постои и режисерите почнаа да прават претстави каде си ги лечат своите приватни комплекси, а не општествени“, вели Саша Нацевски, училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

 

Саша Нацевски, училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“

 

Според Игор Трпчески пак актер во народниот театар во Прилеп и претседател на здружението „Театарска работилница“ токму аматеризмот бил тој кој го одржал театарот во Македонија. А фестивалот „Војдан Чернодрински“ бил токму најглавниот кретириум за квалитетот на претставите.

 

„Затоа тука беа тркалезните маси да го слушнеме мислењето на публиката, јавното мислење, потоа на професионалците, на актерите, режисерите, новинарите, литератите и да изградиме потоа да изградииме едно заедничко мислење, односно еден критериум“, истакна Трпчески.

 

Државата троши огромни средства за претстави кои се играат само еднаш или неколку пати, претстави кои не се рентабилни и никој досега не одговарал за тоа. Трпчески признава дека режисерите ја губат врскаат со актерите.

 

„Нас актерите не третираат како стока која што се наоѓа на закачалка, а режисерот доколку сии конкурира во министерството за култура, си добие проект, после тој може да си изибере со овој сакам да работам со овој не сакам, значи не не прашува дали сме заинтересирани за темата“, додава Трпчески.

 

 

Игор Трпчески, актер и претседател на здружението „Театарска работилница“

 

Иако прават одлични претстави независните театри не добиваат ниту денар помош од државата

 

„Плаќаме тука членарина, а замислете доколку тука биде бесплатно колку многу деца бии се пријавиле, деца коии вистински го сакаат театарот“, вели Леона Митревска, актер во „Чин 4 Сцена 5“.

 

Актерите се надеваат дека во иднина ќе се надминат овие проблеми се со цел театарот да го добие заслуженото место кај нас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи