„Како се гледа претстава ?“ е новата премиера на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ која се одржа синоќа во киното Мис Стон во Прилеп. Според актерите главната цел на претставата била да се направи ефект на огледало и публиката да се погледне самата себеси каква е и како се однесува кога гледа претстава.
„Претстава се гледа онака како што ни кажува здраво разумското налагање. Односно дека некој се потрудил, работел на тоа неколку месеци и тоа што го работел, го работел токму за публиката. И дека публиката треба да го цени тоа што е на сцена и дека не треба целото внимание да го свртува кон нив, како на пример со гледање во телефон, со гласно разговарање, со јадење, коментирање и слично. Целта на претставата е да се направи ефект на огледало публиката да се погледне самата себеси, особено оваа помлада генерација која што е нашата целна група, да се погледне каква е кога ние ги играме нашите претстави и да ја потсетиме дека пред нив се вистинскии луѓе на сцена кои можат да ги видат и да ги слушнат. Не бии сакал да генерализирам но мислам дека на младата публика и треба театараско образование. Потребно е пред се да се тргне од училиштата кои треба да ги носат децата на претставав не организирано со цел да се прават некои задкулисни работи, туку децата да доаѓаат самоиницијативно и треба да се образуваат. Постои уште една опциија ако не ти се допадне претставата слободно замини си“, вели Саша Нацевски, режисер.
Во претставата учествуваат 11 млади актери кои велат дека и тие често патии се соочиле со недолично однесување на публиката кога гии играат своите претстави.
„Претстава се гледа културно, убаво и воспитано, онака како што сите се надевам дека ги воспитувале во училиште. Без внесување на сокови, грицки и слиично. Луѓето не се на кино, иако често пати ја прават таа грешка. Претставата е непосредна уметност и ние треба тоа премногу да го цениме бидејќи е една од највозвишените уметности кои што можат да се изведуваат бидејќи актерите буквално си ја оставаат душата на сцената и покрај сета таа трема и се што се случува во нивниот живот, тие кога ќе излезат на сцена треба да бидат во нивната улога и да се претстават во најубаво можно светло. И затоа публиката треба да го цени тоа“, кажа Леона Митревска, актер.
„Севкупниот семестар во ова училиште ни траеше околу 3-4 месеци имавме различни вежби кои ни помогна во подготвувањето на оваа претстава. Учествуваме 11 мина и главната порака е секако да и се пренесе на публиката, како правилно треба да се однесува на театар кога гледа претстава“, рече Христијан Тунески, актер.
„Чин 4 Сцена 5“ исто така биле влезени и во конкуренција и на 55-тиот Драмски аматерски фестивал во Кочани со претставата „600 613 каде ми се другарите“, каде ќе настапат на 30 мај.