Државјанство и работа во пожарникарската служба за мигрантот што спаси дете во Франција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По спектакуларното спасување дете, бегалецот од Мали, Мамуду Гасама,  беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон, при што доби ветување за добивање на француско државјанство, како и работа во пожарникарската служба. Макрон му предал и одликување на Гасама за неговата храброст и самопожртвуваност.

 

Младиот човек викендов со неверојатна акција на искачување по балконите на една зграда во Париз, спаси од пад четиригодишно дете, кое висеше држејќи се за работ на балконот на четвртиот кат.

 

„Мислев само на неговото спасување, а благодарени на Бога, успеав да го спасам“, изјави Гасама

 

Минувачи го снимиле пожртвуваниот чин на младиот човек од Мали, кого медиумите го нарекуваат „Спајдерман“, а видеото е прегледано преку милион пати на социјалните мрежи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи