Анкета на МЦМС: Најголем дел од граѓаните сметаат дека Владата е на погрешен пат

Facebook
Twitter
Email
Print

Ситуацијата во земјава изминатата година од работата на новата Влада се движи во негативна насока сметаат 36,8% од анкетираните. Дека се движи во позитивна сметаат 35,1 процент, а дека ситуацијата останува иста мислат 22,4%. Од анкетираните 5,7 проценти не знаат или не сакаат да одговорат.

 

 

Ова го покажуваат резултатите од новата анкета на Телма и МЦМС спроведена телефонски во периодот од 15 до 23 мај на 1.052 испитаници.

 

Во однос на етничката припадност на анкетираните, има колебања, па така поголем дел од Албанците сметаат дека ситуацијата оди во позитивна насока, помал дека е негативна или иста. Додека кај Македонците е поголем процентот на оние кои сметаат дека ситуацијата оди во негативна насока.

 

 

Ако се споредува според приврзаниците на партиите – само 8,1% од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека државата се движи во позитивна насока, речиси 73 проценти во негативна. Ониe 35 % кои се со став дека земјава се движи во позитивна насока главно произлегуваат од поддржуvачите на СДСМ, ДУИ и Алијансата.

 

Специфично е и што 9,7% од поддржувачите на СДСМ сметаат дека земјата оди во негативна насока, 13,1% дека ситуацијата е иста, а тој број за непроменливост кај симпатизерите на ДУИ е дури 37,2% и дополнителни 23,1% дека земјава оди во негативна насока.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи