Актуелниот првак во НБА лигата, Голден Стејт ќе го брани трофејот во најелитната кошаркарска лига откако во 7. меч во Хјустон забележа победа од 102-91.
Избраниците на Стиф Кер натпреварот го решија во третата четвртина која ја добија со 33:15. Ова за „воините“ е четврто финале во низа, а таму силите ќе ги одмерат со истиот противник како и минатите четири пати – Кливленд, односно екипата на Леброн Џејмс.
Хјустон го загуби мечот поради лошиот шут за три, што беше нивно главно оружје оваа сезона. Домаќините од средината на втората четвртина па до средината на четвртиот период имаа 27 промашени шута во низа. Според ЕСПН ова е рекорд за натпревар одигра во плеј-офот. „Ракетите“ го завршија мечот со 7 од 44 за три поени, и со ваква статистика нема што да се бара против тим од калибарот на Голден Стејт.