Подготовки за средба меѓу лидерите на САД и Северна Кореа

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна Кореа испраќа свои високи политички претставници во САД и во Сингапур, пренесуваат јужнокорејски медиуми, што би можело да се протолкува дека средбата помеѓу севернокорејскиот лидер, Ким Јонг ун и претседателот на САД станува сѐ поизвесна.

 

Потпретседателот на централниот комитет на владејачката севернокорејска Работничка партија, Ким Јонг чол, утре се очекува да отпатува за Њујорк, откако веќе оствари средба со претставници на кинеската влада во Пекинг.

 

Ким Чанг сон, шеф на кабинетот на севернокорејскиот лидер, вчера замина за Сингапур, каде е планирана средба со Џо Хејгин, заменик-шеф на кабинет на претседателот на САД.

 

И двете средби се толкуваат како подготовки за средба меѓу Ким и Трамп, што, според се уште непотврдени информации, ќе се случи на 12 јуни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи