ВИДЕО – Вирусот коксаки присутен во Македонски Брод ?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кај околу 20-тина дечиња и помал број на повозрасни граѓани на Македонски Брод вчера во една приватна здравствена установа биле детектирани симптоми кои укажуваат на вирусот „коксаки“. Денеска екипа на Центарот за јавно здравје од Прилеп правеа анкетирања на заболените и на дел им беше земена крв за анализа. Лекарите велат дека нема место за паника затоа што и да станува збор овој вирус тоа биле инфекции кои поминуваат сами од себе за околу 7 до 10 дена, без никакви компликации.

 

 

„Се карактеризира со појава на карактеристични промени, односно исип на стапалата, на дланките и околу устата. Обично инкубацијаат трае неколку дена, од 3 до 5 дена по што се појавува умерено покачена температура, главоболка, истоштеност, губиток на апетит, може да се јави и болка во грлото“, вели д-р Татјана Станимировиќ, началник на одделот за епидемиологија при ЦЈЗ Прилеп.

 

Инаку главен предизвикувач на оваа болест е нечиста средина и нечистата вода за пиење. Бидејќи станува збор за вирус за нив не постои лек, ниту пак вакцина. Најчесто се појавува во колективи, како градинки, училишта и слично. Затоа како најдобра превентивна мерка се препорачува редовното одржување на хигиената.

 

„Се пренесува по пат на директен контакт или ова се вика уште „болест на нечисти раце“. Најчесто преку рацете, поретко преку храна и вода. Помеѓу децата најчесто се пренесува по респираторен пат или по директен илии индиректен контакт“, додава Станимировиќ.

 

 

Екипата на Центарот за јавно здравје од Прилеп го посетија основното училиште и детската градинка „7 – Септември“ каде биле регистирани неколку случаи на оваа иинфекција.

 

Вирусот коксаки се дели на два типа А и Б. Но одредении подтипови ии на двата вида, иако  поретко, може да доведат до поголеми здравствени нарушувања, како што се оштетување на срцевиот мускул и појава на менингитис.

 

Поголем дел од жителите на Македонски Брод денеска не беа запознати за вирусот „коксаки“.

 

„Не, не сме запознаени, немаме слушнато“, беа најчестите одговори на жителите на М. Брод.

 

Примероците од крвта ќе бидат испратени во Институт за јавно здравје Скопје за да се потврди дали навистина станува збор за „коксаки“ вирусот.

 

Инаку според податоците на Центарот за контрола на болести годишно на светско ниво се регистрираат 2 милиони инфекции од „коксаки“ вирусите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи