ВИДЕО – Мицкоски : Граѓаните да не се плашат, следува период на големи притисоци, но на крајот Македонија ќе победи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Она што можам на граѓаните на Република Македонија да им порачам е да не се плашат. Следува период на големи притисоци, следува период кога невистината ќе се обидат да ви ја прикажат како вистина, поразот ќе се обидат да ви го прикажат како победа, но мора да опстоиме заедно, мора да се мобилизираме и да ја поразиме оваа ненародна Влада и на крајот на денот Македонија ќе победи. Ова вечерва пред прилепчани го изјавии лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Миицкоски.

 

Мицкоски истакна дека ова биле редовни средби со членството и дека граѓаните ќе можат на 2 јуни да го искажат своето незадоволство од владеењето на СДСМ на протестот пред платото на Владата.

 

 

„Денеска сум во Прилеп, вчера бев во Битола, изминативе денови ги посетивме Штип, Охрид, Струга. Можам да кажам дека атмосферата секаде е одлична, а кога велам одлична мислам на револтот и протестот кој го изразуваат против сите овие ненародни и погрешни политики кои Зоран Заев и Владата на СДС ги водат изминативе година дена откако се избрани. Ќе можеме симболично нашето незадоволство да го изразиме пред платото на Владата на 2 јуни, така што мислам дека ова се редовни посети што претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги прави и треба да ги примени во пракса не само сега, да ги користиме за мобилизација на овој голем протестен собир, туку сето ова да го практикуваме и во иднина, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Владата, односно ќе ја води Владата во Република Македонија, или понатаму ќе биде во опозиција. Така што ова е редовно собирање и состаночење со членството“, рече Мицкоски.

 

 

Околу името на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Нов Завет“, околу кое се крена голема прашина во медиумите и на социјалните мрежи Мицкоски рече дека погрешно била протолкувана неговата изјава.

 

„Погрешно беше протолкувана таа моја изјава, јас можеби малку повеќе архаизмот го користам во сопствените изјави, ќе се обидам во иднина тоа да не го употребувам. Кога велам завет мислам дека ветуваме, односно ќе се обидеме преку новата програма што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави пред граѓаните да ги прикажеме нашите погледи и визии за богата и просперитетна Евро-атланска интегрирана држава, држава на среќни граѓани, односно сонот кој што беше сон на мојата генерација, барем малку да стани јаве. Ќе се обидеме да го презентираме и да најдеме решение за реалните проблеми на Република Македонија, а не само со празни флосхули и ветувања што беше пракса на оваа гарнитура на политичари што во моментов се во Владата на РМ, преку личен пример и методолошки ќе се обидеме да покажеме дека она што ќе го ветиме, во пракса и ќе го реализираме. Тоа ќе биде новата програма на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

 

Мицкоски истакна дека оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ учела од првата, растела со втората и ќе ги прикажела сите оние нови политики кои ВМРО-ДПМНЕ планирала во периодот што следува да ги практикува на политичката сцена во Македонија.

 

„Дозволете тоа да биде изненадување за граѓаните, се надевам дека ќе биде пријатно и ќе значи една голема промена на следните предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи