Тутунски комбинат Прилеп нема повеќе долгови кон државата, се подготвувал пакет со отпремнини за 150 вработени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилепскиот тутунски комбинат нема повеќе долгови спрема државата, но останува да ги исплаќа кредитите кон банките, по повеќе години зголемена е ликвидноста, а за зголемување на продуктивноста се подготвува пакет со отпремнини за околу 150-ина вработени, информираше денеска генералниот директор Кире Станкоски на средба со новинрите во Комбинатот, по одржаното Собрание на акционерите.

 

На Собранието, меѓу другото, се разгледуваа финансиските и годишниот извештај и годишната сметка за 2017, работењето на новото раководство како и ревизорскиот извештај за минатата година.

 

„Загубата на Комбинатот лани е 51 милион денари и е за 21 насто, односно за 14 милиони денари, помала во споредба со 2016 година. Загубата е главно, поради трошоци за исплата на камати. На крајот на 2017 година комбинатот во целост го исплати долгот спрема УЈП од 66 милиони денари, пред се за персонален данок и ДДВ, што значи не и должи на државата и првпат по долг период остварен е позитивен паричен тек зашто има добивка од 590.000 денари. Остануваат обврските спрема банките кои се сервисираат. Инаку, по подолго време, од почетокот на оваа година комбинатот создаде услови за финансиска ликвидност на краток и подолг рок. Интенција е годинава да ја завршиме со позитивен биланс, рече Станкоски.

 

Ова, според Станкоски, ќе се темели на продажбата на цигарите и на тутунот, а и со програмата за зголемување на продуктивноста. Се подготвува последен пакет со отпремнини за вработените.

 

„До крајот на неделава треба да биде изготвен пакетот како мерка за зголемување на продуктивноста. Старосната граница на вработените е висока и очекуваме доброволно да се пријават околу 150 вработени, а интересот е голем. Со ова месечно ќе има заштеди од околу 5,5 милиони денари. Комбинатот сега брои 410 вработени, објаснува Станкоски.

 

Стратегиската партнерска соработка со „Филип Морис“ е одлична, оценуваат во комбинатот, а успешно заврши откупот и исплатата на тутунот од ланската реколта преку банкарски кредит. Годинава ќе се зголемат количествата за откуп од кооперантите.

 

На Секторот за внатрешна равизија му е даден налог да изврши ревизија на досегашното работење на претходните менаџерски тимови и идентификација и анализа на направените злоупотреби при што изготвени се 7 ревизорски извештаи, кои потоа се предадени на МВР и ОЈО на понатамошно процесирање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи