Филипче: Употребата на тутун придонесува за 12 проценти од смртните случаи кај срцевите заболувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе да умрат од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по повод 31 мај Светскиот ден без тутун.

 

Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството за здравство и годинава во соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје традиционално го одбележуваат Светскиот ден без тутутн.

 

„Во Република Македонија, според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2016 година од болести на циркулаторниот систем починале 10.920 лица со стапка на смртност од 526,9 на 100.000 жители. Болестите на кардио-васкуларниот систем учествуваат со 53,5 проценти во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт“, изјави Филипче.

 

Посочи дека пушењето претставува докажан ризик за здравјето на популацијата, ризик за болести и глобален јавно-здравствен проблем, поради што неопходно е да се преземат итни мерки за укажување на штетноста од тутунот.

 

„Со оваа кампања и со заеднички заложби на сите засегнати страни во превенција и намалување на употребата на тутун, можеме многу да постигнеме во унапредување на здравјето на сите граѓани која е најважна инвестиција во општествено-економскиот развој на секоја држава“, изјави Филипче.

 

Нагласи дека Министерството заедно со Владата годинава одлучиле Програмата за превенција на срцеви заболувања да се дополни со пет милиони денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи