Лавров ќе отпатува во посета на Северна Кореја

Facebook
Twitter
Email
Print

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, утре ќе замине во посета на главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, каде со својот севернокорејски колега Ри Јонг-хо ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

 

„Испланирани се разговорите на двајцата министри и тие ќе се фокусираат на актуелните проблеми и ќе разменат мислења за ситуацијата на Корејскиот Полуостров и други главни меѓународни и регионални проблеми“, се наведува во соопштението на руското МНР.

 

Високо на агендата ќе биде и разговорот за најавената потполна денуклеаризација на земјата, за што Лавров се изјасни дека Северна Кореја мора да има дополнителни безбедносни гаранции.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи