Силна бура го погоди западниот дел на Германија, а најлошо беше во градот Вупертал во Северна Рајна-Вестфалија.
Снимките од областа покажуваат хаос на улиците. Поројниот дожд ги потопил улиците и ги претворил во река што носи сè пред себе, па дури и луѓе.
Како што јавува Билд, поројните дождови и поплавите ги уривале дури и покривите на некои куќи и бензински пумпи, уништени се десетици автомобили, а луѓето се заглавени во трговските центри. За сега нема информации за жртви.
Спасувачките служби се обидуваат да излезат на терен и да интервенираат, но ситуацијата им ja отежнува работата.
Силно невреме го погоди и Дизелдорф, каде врнел и град, а метеролозите испратија предупредување за торнадо.