Заев: Повеќе не дискутираме за предлогот “Илинденска Македонија”

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Предлогот Илинденска Македонија беше одбиен и од грчката страна, и од македонската опозиција, и поради тоа не можеше да се продолжи со тоа, рече премиерто Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од ВМПО ДПМНЕ за предлогот за името.

 

„За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и премиерот Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Значи до толку сме биле усогласени да можеме да влеземе дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиена и овде од опозицијата“, рече Заев пред пратениците.

 

Тој вели дека е нормално да се искажуваат ставови од двете страни, но мора да се внимава, бидејќи шансите за почнување на пристапни преговори со ЕУ се многу поголеми доколку имаме решение.

 

 „Апсолутно е повеќе од јасно дека поголеми се шансите на Македонија односно се огромни до целосно добивање на датум за преговори ако е решен проблемот со името, отколку самите шанси што ги имаме без решен проблем на името“, истакна Заев.

 

Заев не одговори на дополнителното прашање дали Македонија прифатила ерга омнес и за сите други предлози на медијаторот во спорот за името со Грција Метју Нимиц.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи