Од игри на среќа 70 милиони денари за организации, здруженија и Црвениот крст

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Седумдесет милиони денари, наместо досегашните 66 милиони денари, ќе се одвојат од приходите на игри на среќа за финансирање на програмските активности на национални и инвалидски организации, здруженијата  и нивни асоцијации, здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст, кои  се доделуваат преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП), информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Со информацијата за измените на годишната програма за финансирање на програмските активности усвоени на завчерашната седница на Владата ќе се финансираат дополнителни програмски активности на Црвениот крст, кој ќе го спроведува проектот „бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права“.

 

„Досега таа активност ја реализираше Министерството за труд и социјална политика, се распишуваше тендер на кој се пријавуваа економски оператори. Со измената се одвоени  дополнителни средства за  Црвениот крст кој од наредниот пат ќе ја организира оваа активност“, појасни Бошњаковски.

 

Организацијата ќе обезбедува пансионски услуги за корисниците и волонтери за поддршка на реализација на проектот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи