Возило марка Хјундаи Акцент со прилепски регистерски таблички од засега непознати приичини, денеска околу 13 часот, излетало од патот Прилеп – Битола, во близина на фабриката Гентерм.
Од СВР Битола информираат дека во возилото се наоѓале тројца патници, од кои двајца со полесни повреди веднаш биле пренесени во општата болница во Прилеп, а додека жената-возач поминала без повреди. Увид на лице место извршија екипите на прилепската полиција.
116