На Македонија и се случува зло! Македонија се распаѓа, Прилеп пропаѓа под оваа ЌЕ влада. Веќе една година слушаме празни зборови, една година слушаме лажни ветувања и гледаме нула реализирани економски проекти. Истакна на денешната прес конференција претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Позади нас е година полна со понижувања и лаги, нереализирани ветувања, година на економско и национално истоштување и уништување на државата. Во оваа една година сведоци сме на монтирани судски процеси, окупирано судство, судии под закана, неистомислениците на власта во затвор, а криминалците на слобода.
Во оваа година сме сведоци како пратеници, уметници и обични граѓани се обвинети за тероризам, а командант Хоџа се промовира за врвен советник за национална безбедност. Во оваа година сме сведоци на реализација на тиранската платформа.
Сведоци сме на насилен избор на претседател на македонското собрание. Сведоци сме на насилно донесување на закон за двојазичност. Сведоци сме како се доделуваа субвенции и стипендии за песни за УЧК. Сведоци сме на погубниот договор со Бугарија чии последици допрва ќе ги чувствуваме!
Сведоци сме на свиткана кичма на Зоран Заев и тимот околу него инсталиран за обезличување на Македонија и македонскиот народ! Сведоци сме дека иселувањето на младите зема уште поголем замав! Сведоци сме дека ниту една економска мерка, ниту една реформа не е спроведена во насока на подобрување на животот на македонските граѓани.
Сведоци сме на погубната политика за сите нас. Доста е! Време е да покажеме дека народот е силата на оваа држава! Да покажеме дека сме способни да го браниме личното достоинство и достоинството на нашата Татковина!
Затоа што секој живот вреди!
Затоа што секој човек вреди!
Затоа што за Македонија – вреди!
И затоа Македонија ќе победи!
Ве поканувам заедно да се спротивставиме на картелот на власт! Во сабота, втори јуни, 16:30 часот пред домот на културата Марко Цепенков, сите заедно со збиени редови, сплотени и единствени против заедничкиот непријател на народот и државата, заедно против оваа ненародна и антидржавна власт!
Сега пред да биде предоцна!