Работилница на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот за борба против пушењето

Денес по повод меѓународниот ден пртив пушењето во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот се одржа работилница со тема: Тутунот – Страст и Профит и Штетноста на цигарите и зависноста кај младите. На оваа работилница учествуваа активни членови од Детската Амбасада, а работилницата ја подготвија и водеа, децата координатори при основните училишта во Прилеп.

 

„Децата со внимание и активна вклученост ги изработуваа проекните задачи на хамер, а со презентацијата се запознаа со поимот, историјата, производството, профитот на тутунот, а најмногу се задржаа на неговата завист, страст и штетност. Целта беше постигната, денес  децата се запознаа со последиците, најразните болести, колку штетно делува тутунот кај трудните жени и колку проценти годишно од населението умира како резултат на штетноста на цигарите. Се запознаа и како од љубопитност можат да станат зависни, дека младите пробуваат цигари во пубертетот, каде што се јавува зависноста и потоа страста, но не размислувајќи на последиците кои се резултат на тутунот“, информираат од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Детската Амбасада организира ваква работилница по втор пат, а ќе продолжи и во иднина, бидејќи само со здрава младина може да имаме и силна држава, децата се нашето благо кое треба да го негуваме и чуваме, децата се нашата иднина.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи