Апасиев: Рашковски лаже дека има два доктората

Facebook
Twitter
Email
Print

Генералниот секретар на Владата лажел дека има два доктората, тврди Димитар Апасиев, член на Левицата. Тој вели дека Драги Рашковски овој лажен податок го навел и во работната биографија што е објавена на веб-страницата на Владата.

 

„Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!? Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години“, пишува Апасиев на Фејсбук.

 

 

Тој вели дека до денеска, Рашковски го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот.

 

На обвинувањата од страна на Апасиев, Рашковски прокоментира дека неговото образование е негова приватна работа.

Според Апасиев, Рашковски треба да си поднесе оставка од морални причини или да биде разрешен од функцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи