Членовите на планинарскиот клуб „МАМУТИ“ од Прилеп во посета на Корапскиот водопад

Викендов 40 членови на планинарскиот клуб „МАМУТИ“ од Прилеп учествуваа во планинарската тура до Корапскиот водопад, водопадот во горниот тек на Длабока река. На истиот ден во спомен на прерано починат член на ПСД КОРАБ, Димитар Боцевски – имаше организирано планинарски марш кој е влезен и во календарот на годишни акции на ФПСМ.

 

Инаку Корапскиот водопад (Пројфелски водопад), водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб, се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

 

Турата е една од поубавите планинарски тури во нашата земја. Се поминува низ еден прекрасен шумски предел од букова и борова шума и неколку планинарски чешми со пивка вода за разладување од топлото време. Водопадот во месец мај – јуни е најголем и најубав и се смета дека е еден од најголемите природни водопади во Р. Македонија со висина од 130 метри.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА 

 

 

 

„Имаше голема заинтересираност за ова тура, секогаш за посета на Корабскиот водопад има голема заинтересираност, но поради безбедоста на пријавените бројот на учесниците не се зголеми, бевме 40 мина, затоа што безбедноста ни е пред се. Секогаш со нас тука се и девојките од фитнес студиото Lady Fit со кои имаме одлична соработка. Должината на планинарската тура изнесуваше 23 км“, велат од планинарскиот клуб МАМУТИ од Прилеп.

 

Инаку оваа акција спаѓа во категоријата тешки планинарски тури. Потребно е носење на опрема како : планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности.

 

Следна дестинација на планинарскиот клуб МАМУТИ од Прилеп ќе биде учество на настанот АлШар2018 на 10.06.2018 година, а на 17.06.2018 година повторно одиме на Корапски водопад поради големата заинтересираност за оваа тура и атрактивноста на водопадот во овјој период.

 

 

 

Од денес порталот Инфо Компас и планинарскиот клуб Мамути започнуваат соработка, така што сите планинарски тури на Мамути во иднина ќе бидат објавувани на порталот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи