Тенк кој го гонат полициски автомобили со вклучени сирени, е сцена снимена на патот во американската држава Вирџинија, а овој настан е идентичен како во ситуациите од популарните компјутерски игри од „Grand Theft Auto“ серијалот.
Воениот оклопен транспортер со боја на песок, кој го украде еден војник, ги кршеше сите правила во сообраќајот, слично како во серијалот од споменатата видеоигра, како и дозволената максимална брзина од 65 километри на час, која е дозволена за такви возила на патиштата во Вирџинија.
„Ова беше исто како кога во играта „Grand Theft Auto“ ќе влезе тенк во среде град. Беше надреално“, вели очевидец, сведок на потерата.
Бидејќи не можеа да го сопрат оклопното возило со примена на сила, полицијата беше принудена да го брка и да го следи со хеликоптер, се додека војникот сам не се предаде.
Оклопното возило кое не било наоружано, возело со брзина поголема од 70 километри на час. Овој транспортер, војникот го украде од базата на Националната гарда на Вирџинија и го возеше по главните патишта до главниот град, односно до државата Ричмонд.
Бизарната потера на североисток во САД, во која учествуваа повеќе од 10 полициски автомобили, се одигра во вторникот навечер.