Синоќа 25 годишниот Д.М. од Прилеп се обидел со нож да го нападне 61 годишниот наставник С.Ј. од ООУ „Климент Охридски“ за време на прославата на полуматурантите во хотелот „Салида“.
„За време на прославата на полуматурата додека пријавителот седел на една од масите на терасата од хотелот заедно со колегите, непознато машко лице се качило на терасата, се упатило на масата кај што седел пријавителот по што му се заканило дека ќе го избоди со нож, истиот во тој момент бил запрен од други две лица и се обиделе да го смират за потоа пријавителот да влезе во салата од хотелот . Лицето повторно потрчало по него со шилест предмет, за потоа по кратко време да биде совладан од обезбедувањето во салата, и набрзо лишен од слобода“, информираат од СВР Битола.