Судијката што го осуди Груевски доби 24-часовна полициска заштита

Facebook
Twitter
Email
Print

Добрила Кацарска, судијката што го осуди поранешниот премиер Никола Груевски на две години затвор, доби 24 часовна полициска заштита поради бројни закани по нејзиниот живот. Од Кривичен  велат дека покрај заштитата која судијката ја добива надвор од судот,  полицајци будно ја чуваат  и нејзината канцеларија.

 

Проценката дека за Кацарска е потребна полициска заштита ја донел првиот човек на Кривичен, по претходни добиени информации и разговори дека постои страв за животот и безбедноста на судијката.

 

Полициската заштита денес ја потврди и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

„Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштита на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска“, изјави Спасовски.

 

Кацарска го води случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство во кој  изрече затворска казна за поранешниот премиер Никола Груевски и за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски.

 

Специјалци се ангажирани во заштита и на неколкумина други судии кои судат некои од случаите на СЈО.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи