ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Поради немање на лекови стопирани се операциите во болницата во Прилеп

Она за што предупредувавме во изминатите денови, дека оваа Влада предводена од СДС освен погубни политики, нема што да им понуди на граѓаните се потврди уште еднаш. По скандалозната изјава на Филипче, со која беше навестено дека Прилеп останува без лабораторија за испитување на крвта, пред некој ден граѓаните на нашата општина и околните места, беа лишени од можноста да остваруваат уште една здравствена услуга која им следува.  Ова денеска го истакнаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Пред некој ден, одделението за анестезија и реанимација во градската болница, е оставено на милост и немилост, без основните лекови за работа FENTANYL и Ephedrine Hydrochloride, при што пациентите над кои треба да се изврши хируршка интервенција, се препраќани во други институции или што е уште полошо им се одлагаат операциите.

 

На пациентите им е кажувано дека наскоро ќе биде решен овој проблем. Впрочем ништо ново од оваа ЌЕ влада. Веќе видена реторика, со која народот упорно се лаже и доведува во заблуда за некои идни подобри времиња. Ова ли се реформите во здравството кои министерот Филипче ги најави? На ваков ли начин СДС, се грижи за здравјето на граѓаните? Со ваквата негрижа, уште еднаш се доведува во прашање животот на прилепчани.

 

Колку за потсетување, оваа влада, ветуваше живот во Македонија. За жал оваа влада не направи ништо околу тоа. Напротив освен катастрофални резултати со кои се загрозува животот, со кои се урнисува здравството, а со тоа и здравствените услуги, нема што друго да им понуди на граѓаните на Република Македонија. Ветуваа бесплатно здравство, 100.000 денари плата за докторите, за накрај да го прелажат народот и да не можат да ги пружат основните здравствени услуги.

 

Ќе дојдат подобри времиња за Македонија! Времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и ќе продолжи со проектите, набавката на нови апарати, реконстркција и изградба на нови објекти. Затоа што граѓаните тоа и го очекуваат од една влада која работи транспарентно и излегува во пресрет на нивните потреби. Поради тоа, оваа Влада мора што поскоро да си замине“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи