„Мамути“ беа дел од АлШар 2018 – Допри го сонцето, осознај ја тајната за почетокот на светот“

Планинарскиот клуб „Мамути“ од Прилеп викендов беше дел од третиот по ред настан „АлШар 2018 – Допри го сонцето, осознај ја тајната за почетокот на светот“, кој беше во организација на Здружението Тиквешки Точакџии. Настанот се одржуваше 3 дена на 8, 9 и 10 јуни.

 

Првиот ден учесниците се сместуваа во кампот кај селото Мрежичко и уживаа во звуците на КУД Тиквеш и акустичната група „Чардак“. Во саботата се одржа дефилето и возење на крос мотори, ATV-а и теренески возила, а вечерта заврши со настап на Ди Џеј Славе Келешовски и настап на групатата „Bad-Ass-All“.

 

Во неделата на 10 јуни се одржаа трите велосипедски тури Големата, Средната и Малата, како и Големата и Малата планинарска тура со ПСД Орле-Кавадарци на кои учество зедоа и членовите на ПК „Мамути“.

 

„ПК „Мамути“ од Прилеп заедно со Здружението љубители на ридско-планински активности рокенрол и добра чашка, Вело Че и студиото Lady Fit учествувавме во Големата планинарска тура која беше долга 18 км. и Големата велосипедска тура долга 54 км. кои се одржаа во неделата. Бевме околу 50 мина и поминавме одлично на настанот. Се посетија повеќе места на планината Кожуф, меѓу кои и легендарниот рудник „Алшар“. Поради огромната заинтересираност нашата наредна активност ќе биде повторно искачување до Корапски водопад на 17 јуни“, велат од ПК „Мамути“ од Прилеп.

 

Од ПК „Мамути“ потенцираат дека ова ќе биде последна можност за оваа година љубителите на планината да го видат овој водопад.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 

 

ВИДЕО :

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи