Во Прилеп вечерва се одржа мирен протест во центарот на Прилеп против договорот со Грција со кој уставното име на Република Македонија треба да се смени во Република Северна Македонија. Учесниците на протестот порачаа дека по никоја цена нема да се откажат од името Македонија и побараа премиерот Заев да одговара за велепредавство. Исто така беше потенцирано дека и да има референдум тој ќе биде бојкотиран.
Погледнете дел од атмосферата и изјавите од учесниците на протестот.