НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина

Facebook
Twitter
Email
Print

На адресата на македонската и грчката влада пристигнаа честитки за постигнатиот договор за решение на спорот за името од водечките функционери на НАТО и ЕУ. Јавно им честитаа на владите во Скопје и Атина за постигнатиот компромис во деценискиот спор за името, нарекувајќи го истиот „историски“.

 

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им честиташе и им се заблагодари на премиерите Заев и Ципрас за решавање на спорот „кој предолго го оптоваруваше регионот“ и ги повика обете земји да го финализираат договорот.

Шефицата на ЕУ дипломатијата Фредерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава порачуваат дека „од срце им честитаат на премиерите Заев и Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиот договор… кој помага во трансформацијата на целиот регион на Југоисточна Европа“.

Могерини и Хан велат дека сега очекуваат од Советот на ЕУ „да ја прифати нивната препорака за одредување датум за почеток на преговори со пјр Македонија во јуни“.
„Тоа не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку клучно ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на обете земји, на регионот и на Унијата во целост“, се наведува во нивната изјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи