Попладнево Прилеп го зафати силно невреме кое траеше 40-тина минути. Централното градско подрачје наликуваше на големо езеро, а поплавени беа и поголем дел од глaвните сообрраќајници во градот. Во невремето поплавени се неколку објекти, а во наслебата Варош падна и гром, кој не предизвика поголема материјална штета.
„На 15 места е затната атмосферската канализација, поплавени се 5 објекти. Во овој момент се преземаат сите дејствија од страна на јавните комунални претпријатија за санирање на штетите. Подготвени екипи имаме и секаде онаму каде што има потреба ќе интервенираме“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.
За среќа водата се повлече за околу 20-тина минути откако престане да врне и според првичните приоценки на Општина Прилеп и јавните претпријатија поплавата не направила поголеми штети.
„Во овој момент екипите на јавните комунални претпријатија Водовод и канализација и Комуналец излезени се на терен и сите овие дефекти ги отстрануваат. Во овој момент мислам дека ситуацијата е под контрола, нема посериозни оштетувања, посериозни поплави, така да и покрај сето тоа помина се во најдобар ред“, речи Илија Јованоски, градоначалниик на Прилеп.
Во моментов најкритично е во населбата Тризла 2 каде механизацијата веќе ги расчистува наносите на кал на улиците.
„Моментално се работи во населбата Тризла 2 со механизација, бидејќи таму има поголеми наноси. Пуштена е механизацијата, пуштени е екипа на работници, така да тие наноси во текот на денешниот ден ќе бидат исчистени“, изјави Ѕвонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Од Општина Прилеп велат дека проверки на теренот за евентуални штети ќе се направеле и во текот на утрешниот ден.