Договорот кој Заев планира да го склучи со Грција е предавнички, ова е смрт за Македонија и македонскиот народ. Нема потреба повеќе од никакви договори, ние сме Македонци и тоа е тоа. Референдумот пак да се бојкотира по секоја цена.
Ова беа главните пораки кои вечерва ги упатија прилепчани на протестниот собир. Учесниците потенцираа дека доколку се реализира овој договор според нив за 10 години Македонија немало повеќе да постои.
Беше нагласено и тоа дека Македонија и единствена држава во светот на која и се случува ваква неправда.
Погледнете дел од изјавите на учесниците на протестот.