Им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на сите припадници на Исламската верска заедница, на Прилепското Муфтиство, на сите граѓани од муслиманска вероисповед од името на Општина Прилеп и мое лично име.
Меѓусебното разбирање, почитта, вербата во правдата, вистината, во победата на доброто се конотации на духовната сила на секој човек. А, празниците се денови, кога треба да ја продолжиме традицијата на взаемна почит и разбирање, врз вистински вредности кои што пак се темел на една демократска заедница на среќни граѓани.
Да чекориме заедно по патот на предизвиците, исправени и посветени да ја продолжиме изградбата на нашата заедница, за да Прилеп се развира во општина на економски, културен, социјален … сестран напредок и просперитет.
Честит Рамазан Бајрам мои сограѓани!