ВМРО-ДПМНЕ : Ќе следува тужба за клевета доколку СДСМ не се извини дека ВМРО-ДПМНЕ е поврзана со пожарот на возилото на Локвенец

Хаосот и инцидентите кои ги предизвикува хунтата на власт не смеат да бидат нивно алиби. Уфрлањето на провокатори и предизвикувањето на инциденти е уште еден гнасен обид Владата предводена од Зоран Заев да го покрие сопствениот неуспех и капитулацијата што и ја потпиша на Република Македонија. Истакнаа денеска во писменото соопштение од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кое дојде како реакција на прес конференцијата на О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Апелираме до професионалците во МВР да излезат од канџите на Оливер Спасовски и хунтата на власт и професионално да ги расветлат сите немили настани. Злоупотребата на полицијата и сопствениот народ во партиски цели на СДС не е за прв пат. Само Зоран Заев и неговата хунта имаат полза од црни сценарија и немири. Само така можат да го кријат своето злодело кон сопствената држава. Удирањето по сопствениот народ, по возрасни луѓе, новинари, интелектуалци и најтрагично удирањето по деца кои во рацете освен државни и национални симболи немаат ништо друго, е само израз на немоќ.

 

Брзо ќе дојде времето кога секој еден од тие што сте се огрешиле кон државата и кон народот за велепредавството и за се она друго што го правите спротивно на интересите на државата и на народот, ќе одговарате и пред институциите и пред народот.

 

За гласноговорникот од О.О. СДСМ Прилеп кој настанот со палењето на возилото на пратеникот Хари Локвенец, на денешната прес конференција го поврза директно со ВМРО-ДПМНЕ, ќе следува соодветна тужба за клевета, доколку во законски предвидениот рок, не ја повлече изјавата и не се извини“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи