Синоќа во Скопје, за време на протестот пред Собранието на Македонија поради потпишувањето на договорот помеѓу министрите за надворешни работи и премиерите на Македонија и Грција во Нивици, дојде до судири помеѓу полициските сили и демонстрантите.
Голема група граѓани пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец и шок бомби за да ја растера групата која ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата во акцијата употреби и окопни транспортери.
Од МВР информираа дека 25 лица се приведени.
„Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење“, се вели во нивното соопштение.
Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.