Не е исправна водата за пиење од чешмите во населените места Плетвар и старо Лагово. Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, a коишто се во ингеренции на ЈКП „Водовод и канализација“.
109