Бензините поевтинуваат за денар, дизелот останува со иста цена

Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.

 

Од полноќ  „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од  95 октани ќе има цена од  71 денар.

 

Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,00 денари за литар.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари за килограм и вќе изнесува 33,695 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.